Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Хидроелектрична морска куќа во облик на морски еж

Хидроелектрична морска куќа во облик на морски еж

Hydroelectric-Tidal-House-by-Margot-Krasojevic-1-537x402
Доколку некогаш сте сонувале да имате куќа на брегот на морето, следната идеја сигурно не била ниту во вашите соништа. Хидроелектричната плимска куќа, замисла на архитектот Маргот Красојевиќ, црпи инспирација од морските ѕвезди и ежови чии симетрични облици навистина фасцинираат. Концептуалната куќа е проектирана да ја зароби енергијата на плимата и осеката на тој начин што ќе и дозволи на водата да тече низ повеќе канали помеѓу надворешната и внатрешната обвивка.

51a4ef80b3fc4b39ee000206_hydroelectric-waterfall-prison-proposal-margot-krasojevic_section_sea_water_containment-1000x750
Надворешната обвивка е прикрепена за брегот, а внатрешната се движи заедно со плимата и осеката. Просторот за живеење во куќата се состои од три модули кои многу лесно може да се менуваат во зависност од барањата на клиентот. Хидроелектричната плимска куќа е проектирана за станбеното предградие на Ландудно во Кејптаун, Јужноафриканска Република.

 

Испрати коментар

Scroll To Top