Насловна / Вести / Хидроценралата „Ѓердап 1“ не е загрозена од поплавите

Хидроценралата „Ѓердап 1“ не е загрозена од поплавите

HE_erdap_1_Ispu_tanje_vode_1

Невремето проследено со силен дожд и ветер кое го зафати подрачјето на Кладово во Србија, и нанело огромна штета на хидроцентралата „Ѓердап 1“, но сепак 5 агрегати работат со максимална моќност. Во соопштението од ЕПС се наведува дека дотокот на Дунав изнесува 8.000 m3/s и дека се отворени две преливни полиња, бидејќи се очекува пораст на дотокот на вода. Вработените се ангажирани на чистење на решетките, бидејќи секаков отпад стигнува во големи количини. Незапамтеното невреме донесе врнежи од 150 литри по квадратен метар. Од околните ридови водата неконтролирано тргнала кон возниот парк на најголемата дунавска хидроцентрала, но вработените успеале навреме да ја засолнат механизацијата и транспортните средства.

Испрати коментар

Scroll To Top