Компанијата “Komatsu“ на европскиот пазар го претстави новиот хидрауличен хибриден багер од 36 тона „HB365LC-3“. Во споредба со својот дизел пандан, овој хибриден багер троши 20% помалку гориво. Под притисок на нормите за намување на штетните емисии во атмосферата, компанијата почна да ја воведува хибридната градежна механизација уште во 2008 година, со хибридните багери кои досега имаат забележано 10 милиони часови работа. Хидрауличните хибридни системи добиваат на важност кога се во прашање оперативните трошоци, особено трошоците за гориво кај тешките товарни возила.
Во САД, камионите за собирање на смет кои не ги задоволуваат пропишаните стандарди, во многу урбани подрачја мора да бидат заменети со соодветни хидраулични хибридни системи кои освен намалената емисија на загадувачи, имаат пониско ниво на бучава како и подолг експлоатационен век кај сите компоненти на возилото.