Насловна / Архитектура / Хибрид на јапонска пагода и локални градителски практики во Валс, Швајцарија

Хибрид на јапонска пагода и локални градителски практики во Валс, Швајцарија

Не е невообичаено архитект да добие задача, без  конкретна цел и особена програма, а сепак ваков предизвик се исправи пред студиото на јапонскиот архитект Кенго Кума: проект за Балма, комерцијално станбен комплекс (за посебен клиент – Truffer AG, експерти за обработка на кварцни плочи за градежната индустрија) во Валс, меѓународно позната по термалните бањи на Питер Цумтор, во срцето на Швајцарија.

3 4 1

Пред повеќе од 11 години, во 2012 година, компанијата Труфер одлучи да изгради нова зграда за да ги претстави резултатите добиени од екстракција на природен камен во Валс, во планините Граубинден, од 1983 година, преработувајќи ги во локалната фабрика за да постигне различни производи како што се покриви, фасади и подови, до елементи во ентериерот како додатоци за кујни и бањи.

Формата на објектот, дело на Кенго Кума архитекти, е условен од триаголната форма на парцелата, од која излегува волумен составен од настрешници и традиционален покрив, со што се постигнува хибрид кој потсетува и на јапонските пагоди и на традиционалните покриви со керамиди. Валс камен: со склоп карактеристичен за областа во која парчињата се приспособуваат едни на други со чекан и се спојуваат без завртки или клинци.

6 7

„Од далеку, овој град изгледа како мноштво од камења кои лебдат над долината и сакавме оваа слика да ја доловиме преку мултиплицирање на хибриден архитектонски детал, кој ќе ја имитира оваа појава.“ изјави Кенго Кума.

И клиентот и архитектот дадоа иновативен предлог кој хармонично би се вклопил во традиционалната средина на овој град, среде планина во драматичен пејзаж, без да биде интерпретиран како класична инвазија врз контексот. За таа цел при изградба на истиот се користи главно локален  камен и варијации со други материјали како дрво, метал и стакло.

10 9 11 13 12

Проектот вклучува постојна лабораторија за истражување на материјали. Како обвивка, развиен е специјален ѕид од „лебдечки камења“: структура, од камења и дрвени штици врамени со  кабли од нерѓосувачки челик од 8 мм., кои се пропустливи за светлина и погледи. Фасадната обработка изведена од 882 парчиња камен и 501 парче дрво, каде камените плочи тежат вкупно 24 тони.

„Нашата намера не беше да создадеме хиерархиска структура. Наместо тоа, сакавме да создадеме централен, обединувачки простор. Ова отстапи место на скалите, кои се движеа од приземјето до горниот кат. Со акцентирање на вертикалноста на внатрешниот простор, се имплицира чувството дека се наоѓате во карпа. Водечката визија е каменот Валсер да се претстави како составен дел од архитектурата, а не преку збирка примероци и информативни каталози во облик на класична изложба. “ – додаде Јуки Икегучи, партнер во KKAA.

15 14 18 16

Скалилата се исто така диференциран модул помеѓу домувањето и комерцијалните функции на волуменот, формирајќи поголем и помал триаголник соодветно. На вториот кат има два стана, најголемиот го користи семејството Труфер, а помалата мансарда е изнајмена. На првиот кат има океанска канцеларија со 10 работни позиции, сала за состаноци, а во најмалиот триаголник кафетеријата. Приземјето е простор за прием, сала за состаноци и место за малопродажба.

23 25

 

Целиот внатрешен комплекс следи одредени закони: на долните катови (особено во подрумот) материјалите се потемни и потешки, а преовладуваат груби површини. Како што се движиме по горните катови, боите стануваат посветли и посветли.

Испрати коментар

Scroll To Top