Насловна / Вести / Herzog & De Meuron со нов урбанистички план за западниот дел на Минхен

Herzog & De Meuron со нов урбанистички план за западниот дел на Минхен

Herzog & De Meuron ја претставија пред јавноста нивната визија за изгледот и урбаниот живот на западниот дел од Минхен. Планот е концентриран околу објектот Paketposthalle, импресивна бетонска градба изградена во 60-тите години од минатиот век. Предложеното решение се состои главно од објекти со мешовита намена – станбен и деловен простор, простор за социјални и културни активности. Новите содржини се вклопени во постоечката и надградената сообраќајна инфраструктура. Ново развиената мрежа е одржлива и значително ќе придонесе за намалувањето на емисиите на CO2. Трите главни стратегии околу овој простор се реупотреба на старата зграда како јавен мултидисциплинарен простор, изградба на две кули високи 155 метри, како и изградба на сосема нов станбен кварт со шесткатници и простран јавен простор со зелени површини.

herzog1

herzog2

hercog3

Испрати коментар

Scroll To Top