Насловна / Архитектура / Herzog & de Meuron проектираа истражувачки центар на AstraZeneca

Herzog & de Meuron проектираа истражувачки центар на AstraZeneca

Швајцарското биро Herzog & de Meuron го заврши Discovery Centre на фармацевтската компанија AstraZeneca во Кембриџ, установа обложена со стакло, наменета за истражување и развој.

Истражувачкиот центар се наоѓа во средиштето на Cambridge Biomedical Campus и е проектиран во корелација со околината.

3

„Пред осум години, кога AstraZeneca распиша конкурс во 2013 година за овој проект, имаа нова визија за компанијата“, изјави за Dezeen, архитектот и директор на проектот на Herzog & de Meuron, Томислав Душанов.

„Во основа, нивната цел е да го префрлат фокусот на компанијата на наука – да ја стават науката во центарот на сè; да ја направат науката видлива“.

1

AstraZeneca им задала задача на архитектите да создадат зграда која ќе даде акцент на научното истражување што се одвива внатре, наместо да го крие. Компанијата, исто така, сакала центарот да биде привлечен простор.

Познат како Discovery Center (DISC), објектот е висок 20 метри, обликуван како триаголник за целосно искористување на локацијата.

2

„Со окупирањето на целата локација направивме фасади долж сите улици, нешто што не се случува во другите згради“, објаснува Душанов.

„Другите згради се еден вид на објекти кои се наоѓаат во зелени полиња, додека ние внесуваме малку урбан квалитет со усогласување со улицата и создавање на уличниот пејзаж.“

Трикатниот DISC има бетонска конструкција со целосно застаклена дрвена фасада. Горните катови, кои имаат скалеста стаклена фасада, се сместени на шест правоаголни стаклени кутии кои се групирани во три пара околу отворен двор.

5

Овие кутии поминуваат вертикално низ сите катови и ги сместуваат лабораториите, кои зафаќаат површина од 19.000 квадратни метри од 55.000 квадратни метри површина на локацијата.

„Имаме само трикатна структура, која ја создаде оваа многу ниско поставена хоризонтална зграда, која одговори на идејата на AstraZeneca: да не се создаде импозантно корпоративно дело на голема фармација, туку нешто што е вгнездено во соседството. “, вели архитектот и додава: „Не делува големо бидејќи е ниско. Ја создадовме оваа стаклена фасада, која отсликува сè околу, но и ја разбивме зградата на речиси куќи во низа“.

„Овој цик-цак што го гледате е дополнително разбивање на обемот на зградата, за да не ја чувствувате огромна“.

4

Внатре, лабораториите имаат прозорци од под до плафон за „да ја направат науката видлива за вработените и посетителите“, велат од Herzog & de Meuron.

Работните простори имаат распоред со отворен план, со контрастни бои и материјали избрани за лабораториите, социјалните и другите работни простори.

9

8

„Сакавме да имаме многу едноставна палета на материјали, која директно ја отсликува програмата на зградата. Лабораторијата е бојата на науката, бела, поради нејзината чистота“,  вели Душанов.

„И просторите вон нив се со многу органски материјали и многу потактилни – тоа е фасадата од природен даб, како за надворешната фасада, така и за фасадата на лабораториите. Истото е и со подот. А луѓето надвор од научната кутија можат да бидат директно поврзани и да ги видат луѓето внатре“.

7

Покрај лабораториите и другите работни простори, DISC има и конференциски центар, аудиториум, кафуле и ресторан, сите сместени на приземјето на зградата.

Проектот на Herzog & de Meuron со назабен стаклен кров овозможува ентериерите да добиваат многу природна светлина.

6

„Енергетската ефикасност на објектот е усогласена со програмата на компанијата, Ambition Zero Carbon, која се обврзува на нула емисии на јаглерод од нејзините операции ширум светот до 2025 година, а целиот нејзин ланец да биде негативен на јаглерод до 2030 година“, велат од AstraZeneca.

Новиот центар ќе прими над 2.200 научници кои работат на лековите на AstraZeneca. Фармацевтската компанија има бројни други истражувачки центри низ целиот свет и е можеби најпозната по развојот на вакцината Оксфорд/АстраЗенека за заштита од Ковид-19 заедно со Универзитетот во Оксфорд.

10

Испрати коментар

Scroll To Top