Herzog & de Meuron се избрани за победници на конкурсот за проектирање на новиот мастер план за населбата Nordspitze која се наоѓа во најсеверниот дистрикт на Базел (Dreispitz). Организирана околу два големи јавни зелени простори, оваа населба со мешовита намена ќе има три резиденцијални облакодери кои всушност ќе бидат трите највисоки згради во Базел. Развојот на мастер планот ќе се одвива околу постоечкиот шопинг центар кој ќе биде проширен и кој ќе добие нов зелен покрив со пешачка зона. Трите кули ќе имаат височина од 135 односно 160 ќе понудат 800 апартмани со различни големини. Сите плански и проектни документи се планира да бидат финализирани до 2020 година кога ќе бидат поднесени на одобрување.
Насловна / Архитектура / Herzog & de Meuron победници на конкурсот за мастер план на населба во Базел