Во самото срце на Фиренца, во прекрасна ренесансна зграда од 1578 година, Hermès на 14 февруари отвори нов бутик, вистински храм на луксуз и елеганција.
Hermès на 14 февруари ја отвори својата нова продавница, проширена и преместена во срцето на Фиренца. Прв пат отворена во 1991 година, една од дванаесетте продавници во Италија, на аголот на улиците Via degli Strozzi и Via dei Vecchietti ја прославува врската помеѓу занаетчиството, креативноста на куќата и културниот идентитет на градот.
Со ова отворање, престижната француска модна куќа се прости од претходниот простор на Via Tornabuoni, каде што беше присутна цели 34 години. Одлуката за промена на локацијата е поттикната од желбата за поголем простор, за производите на компанијата да бидат подобро претставени и да блеснат во полн сјај.
Архитектонска визија во симболите на Hermès
Ентериерот на бутикот го потпишува Денис Монтел од реномираното архитектонско студио RDAI. Ентериерот е вистинска уметничка симфонија во која се спојуваат луксузот, историјата и препознатливата ДНК на брендот. На подот е претставен иконичен мотив Faubourg Hermès, инспириран од познатата адреса во Париз, Faubourg Saint-Honoré, додека осветлувањето го евоцира духот на античка Грција. Овие геометриски форми не само што го красат просторот, туку ја нагласуваат и вечната поврзаност на брендот со историјата и уметноста.
Подот на бутикот е направен со техниката терацо – мешавина од мермер или гранит и цемент, додека во одредени делови се појавува техниката марморино, која имитира мермер со употреба на мермер во прав, вар и вода. Во делот наменет на убавината, подот е покриен со теракота плочки во препознатливите бои на брендот, додека на таванот има бакарен лак, создавајќи одраз на елеганција и топлина.
Уметност во секој детал
Излозите на бутикот се вистински уметнички дела, резултат на соработката со Андреа Манкузо, италијански дизајнер од Милано. Овие прозорци прикажуваат минијатурни верзии на знаменитости од Фиренца, како што се Ponte Vecchio и Palazzo Vecchio, изработени со техника на плетење од мидолин и инспирирани од богатото културно наследство на Тоскана. Централниот екран го краси симболична кочија со коњ, оддавајќи почит на долгогодишната поврзаност на Hermès со традицијата на коњи и безвременската елеганција.
Ексклузивен ентериер и врвен дизајн
Меѓу највпечатливите елементи на ентериерот е маса за билијар од зелен филц, специјално дизајнирана и изработена од Hermès Ateliers Horizons во Пантен, во близина на Париз. Ова уникатно парче го симболизира спојот на традиционалната изработка и модерниот луксуз, додека луксузните кожни футроли за тосканско вино го комплетираат концептот на елеганција и функционалност.
Посебно место во бутикот зазема и колекцијата на уметнички дела – некои се дел од приватната колекција на Emil Hermès, додека други се потпишани од современи уметници како Paolо De Pietri i Aleх MekLin. Посетителите на бутикот можат да уживаат во овој уметнички приказ, кој дополнително ја нагласува софистицираната атмосфера на просторот.