Насловна / Вести / Хемпшир, Велика Британија: Првата пруга на светот на соларна енергија

Хемпшир, Велика Британија: Првата пруга на светот на соларна енергија

Рутата на железничката линија низ Весекс, сега е поддржана со 135 соларни панели со моќност од 30kW. Се работи за прв ваков проект за железницата во Велика Британија. Целта е да се придонесе за намалување на загадувањето преку употреба на одржлива енергија, како и кон остварување на материјални заштеди во иднина. Проектот настанал во соработка помеѓу Климатска акција 10:10, Железничките мрежи, Енергетската задруга „Југ“ и Империјалниот колеџ во Лондон. Доколку се покаже успешен, планот е да се продолжи со изградба на железнички линии кои нема да пречат на околината. Според проценките од минатогодишните истражувања, транспортниот сектор во Британија значително придонесува за емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, поточно 33% од вкупните емисии на јаглерод диоксид потекнуваат токму од овој сектор.

Владата на Велика Британија планира да вложи во иновации кои ќе имаат ниска емисија на јаглерод диоксид, па премиерот Борис Џонсон самиот најави вложување од 300 милиони фунти во одржлив транспорт.

hampshire1

hampshire2

hampshire3

Испрати коментар

Scroll To Top