Бирото Heatherwick Studio го претстави новиот проект за трансформација на старата фабрика за десоленизација во центар на нова културна област на брегот на Џеда, Саудиска Арабија. Индустриската структура треба да се реконфигурира за да стане музеј, голем комплекс кој нуди производствени простори, студија и ателјеа за уметници и творци. Програмата исто така вклучува и изложбени простори во кои може да се сместат големи нарачки за да им помогнат на посетителите да учат и да се чувствуваат инспирирани од следната генерација уметници.
Проектот вклучува пренамена на халата на главната турбина во драматичен изложбен простор што создава паралели помеѓу човечкиот размер и големиот индустриски карактер на локацијата. Интервенцијата, исто така, има за цел да ја претвори структурата во сук, или пазар, за творците во различни креативни области. Вклучува простори за изработка, учење, интеракција и размена на идеи помеѓу посетителите, уметниците и креаторите заинтересирани за истражување и размислување за сите историски и современи култури на Џеда.
Рендерите од проектот откриваат издолжена структура покриена со изолација и заштита од сонце како прилагодување на климата во Саудиска Арабија. Новиот музеј е дел од поголемиот културен развој кој опфаќа 5,7 милиони квадратни метри во срцето на Џеда. Во целина, областа ќе обезбеди туристички, забавни, спортски, културни и комерцијални погодности, покрај градење и на станбени простори. Проектот се уште е во рана фаза на проектирање.
Проектот ja продолжува традицијата на градот Џеда да се претстави како место за собирање уметници и креатори и активно да се вклучи во креативната заедница. Претходно оваа година, Islamic Arts Biennale го презеде западниот терминал на аеродромот Крал Абдулазиз во Џеда за да го трансформира во културен простор фокусиран на истражување на историјата и наследството на исламските уметности.
„Музејот ќе игра голема улога во трансформацијата на градот од неговото минато на фосилни горива во нова економија фокусирана на креативноста и младата популација. Проектот превзема напуштена постројка за десоленизација што луѓето во Џеда отсекогаш ја гледале од далеку и ја претвора во простор кој можат да го користат и истражуваат. Превзема објект кој бил наменет за машини и го претвора во простор наменет за луѓе“, вели Мет Кеш, партнер и раководител во Heatherwick Studio.