Насловна / Вести / HEAL: Биомасата е меѓу главните извори на загадување на воздухот на Западен Балкан

HEAL: Биомасата е меѓу главните извори на загадување на воздухот на Западен Балкан

Алијансата за здравје и животна средина (HEAL), објави документ за заканата по јавното здравје од согорувањето на биомаса на Западниот Балкан, како главен фактор кој придонесува за загадувањето на воздухот во регионот, веднаш после производството на електрична енергија од јаглен. Согорувањето на биомасата често се прикажува како јаглеродно неутрално, но тоа поради загадувањето на воздухот прeдизвикува бројни сериозни здравствени проблеми, како мозочен удар, болести на срцето, рак на белите дробови, и придонесува за климатските промени, стои во Извештајот наречен „Здравствената перспектива од согорувањето на дрва во регионот на Западен Балкан“.

heal1

Бидејќи 42% од домаќинствата на Западен Балкан користат дрво за греење, здравствените исходи се загрижувачки. Според проценките на Светската здравствена организација и Организацијата за економска соработка и развој (OECD), задувањето на воздухот од домаќинствата во 2010 година е одговорно за околу 19.000 предвремени смртни случаи во регионот и 27,7 милијарди долари трошоци, при што за Косово нема податоци.

heal2

Според податоците на проектот „Партнерство за попаметни печки“, дрвото и јагленот се користат за греење на резиденцијални објекти во три милиони печки. Западниот Балкан значително повеќе се потпира на биомаса за греење на домаќинствата отколку ЕУ, а предничат Босна и Херцеговина (62,9%) и Косово (60,5%). Многу домаќинства во регионот чуваат печки на биомаса како резервна опција, во случај на економски потешкотии кои би ги втурнале во енергетска сиромаштија. Енергетската сиромаштија е нотирана како голем предизвик за Западен Балкан. Во Косово, 40% од домаќинствата се борат да ги одржат домовите загреани, а следуваат Албанија со 37% и Македонија со 33%. Просекот на енергетски сиромашни во ЕУ е 8% од домаќинствата.

heal3

heal4

Извештајот содржи и анализа на можностите и предизвиците во врска со подобрување на технологијата на согорување на дрвото. „Иако постојат некои докази дека користењето на нови печки и еколошки сертифицирани печки за согорување на суво дрво ќе доведат до помало загадување, сепак вкупното зголемување на ложењето на биомаса за греење доведува до локално зголемување на загадувањето на воздухот. Според тоа, вложувањето средства во замена на печките веројатно нема да доведе до очекуваните здравствени и климатски подобрувања. Мора да се бараат алтернативни извори, но и да се вложува во енергетската ефикасност, првенствено во термичка изолација на домовите како мерка за намалување на енергетската сиромаштија“, се вели во Извештајот.

Испрати коментар

Scroll To Top