Насловна / Вести / Хаваи цели да биде првата држава со целосно обновливи извори на енергија

Хаваи цели да биде првата држава со целосно обновливи извори на енергија

Хаваи како земја која е составена од група острови, климатската промена за нив претставува голема закана. Денес, Хаваи егзистира преку увоз на нафта за енергија, меѓутоа поблем е што таа станува се поскапа за државата, односно цените за електричната енергија се околу 175 проценти од националниот просек. Владата на Хаваи се обидува да пронајде природни извори на енергија и нејзината цел е до 2045 година да се истражат сите фактори кои би можеле да придонесат за обновливи извори на енергија.

хаваи-1

Одделот за енергетика во државата на почетокот на годинава постави за цел дека до крајот на 2015 година 15 проценти од енергијата треба да бидат произведени од обновливи извори на енергија. До сега тие достигнаа дури 23 проценти, што го оправдува самиот проект дека не е невозможно да се оствари. Нивните планови за наредните години се следни: до 2020 година 25 проценти од електричната енергија да биде од обновливи извори, 40 проценти до крајот на 2030 година и 100 проценти до крајот на 2045 година, со што Хаваи ќе стане првата држава со целосно обновливи извори на енергија.

хаваи-2 хаваи-3

Испрати коментар

Scroll To Top