Насловна / Архитектура / Хашим Саркис избран за куратор на Биеналето 2020 во Венеција

Хашим Саркис избран за куратор на Биеналето 2020 во Венеција

Од Биеналето во Венеција соопштуваат дека 17. Меѓународна изложба на архитектура во Венеција ќе се одржи од 23. мај до 29. ноември 2020. година.
Со препорака од директорот на Биеналето, Paolo Baratta, Управата во Венеција донела одлука дека либанскиот архитекта Хашим Саркис ќе биде куратор на 17. Меѓународна изложба на архитектура која ќе се одржи во 2020. година.
Покрај тоа што Хашим Саркис раководи со бирото HSS, кое го основал во 1998. година, тој од 2015. година е и декан на смерот архитектура на престижниот универзитет MIT во САД. Саркис е добро запознат со венецијанската изложба, бидејќи во 2016. година бил во жирито на Биеналето, а учествувал и на изработката на павилјоните на САД (2014) и Албанија (2010).

хххх
Завршил архитектура на Rhodе Island (RISD), а докторска дисертација одбранил на прочуениот Харвард. Саркис исто така е и автор на неколку книги на тема историја и теорија за современата архитектура.
Директорот на Биеналето, Paolo Baratta,изјавил дека го одбрале кураторот на Меѓународната изложба на архитектура 2020. година во договорената временска рамка потребна за организација на настанот. „Со Хашим Саркис, Биеналето доби куратор кој е свесен за предизвиците и темите кои секојдневно се рефлектираат на животните простори“. „Светските околности ставаат нови предизвици пред архитектурата“- изјавил Саркис. „ Се радувам на соработката со архитектите од целиот свет, како би можеле заедно да одговориме на овие предизвици.“
Сега од Хашим Саркис се очекува на почетокот на идната година да ја објави темата на Биеналето 2020, а потоа ќе биде распишан конкурс за учество на 17. Меѓународна изложба на архитектура во Венеција.

Испрати коментар

Scroll To Top