Зборувајќи на Глобалниот климатски самит кој се одржа во Сан Франциско, познатиот глумец рече дека надоаѓачката климатска катастрофа може да биде избегната само ако владите, компаниите и поединците ширум светот се здружат во настојувањата да го спречат уништувањето на Земјата. Тој изјави дека активностите како што се палењето на шумите во Суматра и експоатирањето на Амазон, се одговорни за повеќе емисии на јаглерод диоксид отколку сите автомобили и камиони на светот. Затоа, тој смета дека со заштита и ревитализација на овие природни добра, ќе биде исполнета 30% од задачата за намалување на глобалното затоплување.
Форд истакна дека заштитата на животната средина мора да биде вклучена во сите корпоративни и национални климатски цели, и дека е неопходно да се имаат рокови, фокусирани инвестиции, повеќе средства за научни истражувања и подобри образовни програми. Како посебно интересен за јавноста беше забележан неговиот коментар дека „луѓето кои не веруваат во климатските промени, не треба да ги задржат позициите на моќ и одлучување. Време е да престанеме да им даваме моќ на луѓето кои не веруваат во науката.“