Насловна / Вести / HAOS Coworking во срцето на Белград

HAOS Coworking во срцето на Белград

Coworking е деловен простор,канцеларија, но за разлика од типичните, луѓето кои работат во него не се дел од една фирма, туку сите работат независно, без разлика дали како пединци или тимови.

2

HAOS Coworking, деловен простор од 600 квадратни метри најавен е како прв ваков простор во Србија, а мисијата на проектот е создавање глобална стартап заедница за поврзување луѓе и креирање најнови иновативни производи. HAOS Coworking се наоѓа во деловна зграда во центарот на Белград, а за ентериерот било задолжено бирото FREYA Architects.

1

ПОВРЗУВАЊЕТО КАКО СУШТИНСКА ИНСПИРАЦИЈА

Како што објаснуваатархитектите од FREYA Architects, поврзувањето на луѓето било суштинска инспирација за архитектите.

„Секој дел од coworking мора да биде безбедно и убаво место за разговор, средба или вмрежување“, велат архитектите.

3

3

Распоредот има неколку делови: простор за прием со кафе-барот „Валентина и Каранфил“, два заеднички простори со големи дрвени маси, голем салон, три зони на отворен простор, две сали за состаноци и една трансформативна просторија за неформални настани.

Најдеталниот и најуреден дел е салонот – овде може да де види мешавина на бои од главните брендови, неколку текстури како сомот, памук и теписи, голема портокалова подна ламба, неонски ѕиден натпис и многу зеленило.

4

5

Капацитетот на овој простор е 35 до 45 луѓе. Во ходникот покрај ѕидот е долга клупа како кафуле со маси каде што може  да се работи сам покрај погледот од прозорецот. Целата должина на салонот е застаклена, со поглед на старите ќерамиди на белградските куќи.

7

ЧУВСТВО НА ЧИСТОТА И УДОБНОСТ

Отворените простори се дизајнирани поконцизно. Овде, акцентот е на фокусираната работа на  тимот, бидејќи целиот отворен простор е поделен помеѓу различни стартапи.

6

Масите со дрвени плочи и беж работни столчиња создаваат чувство на чистота и удобност.

Стаклените прегради во просториите за состаноци целосно го отвораат погледот на coworking и погледот од прозорецот.

Поради ова доаѓа до целосно навлегување уште повеќе природна светлина.

9

СИТЕ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ТРИ МАСИВНИ БЛОКОВИ

Проектот ги користи трите главни бои на брендот: пистачо, лосос и беж. Трите технички блокови во канцеларијата се обоени секој во својата боја со хоризонтална поделба на две нијанси – потемна и посветла.

„Композициски, овој метод ги собира сите детали околу три масивни блокови и создава хармоничен ентериер“, велат од  FREYA Architects.

10

11 12 13 14 15 16 17 8

Испрати коментар

Scroll To Top