Насловна / Вести / Хамбург планира да создаде зелени површини над автопатот

Хамбург планира да создаде зелени површини над автопатот

hamburg zelenilo nad avtopat2

Јавни зелени простори во облик на три нови паркови, наскоро ќе покријат поголем дел од автопатот (Autobahn) што минува низ Хамбург. Патната мрежа долга преку 12.000 километри минува низ центарот на Хамбург делејќи го градот на западен и источен дел. Проектот развиен од страна на Министерството за урбанизам и заштита на животната средина на Германија, предвидува затворање на одредени делови на трасата на автопатот со зелени покриви, со што ќе се збогати пејзажот и ќе се ублажат штетните последици од загадувањето на автомобилите.

Hamburg zelenilo nad avtopat1

Планирано е во првата фаза да се обезбедат зелени површини на три километри од автопатот. Германската влада верува дека овој проект ќе го поттикне порастот на бројот на жители во оваа област и прогнозира дека околу 2.000 нови куќи би биле изградени во близина на парковите. Реализацијата на проектот односно првата фаза започнува оваа година, а целиот проект треба да заврши во 2022 година.

Hamburg Zelenilo nad avtopat

Hamburg zelenilo nad avtopat3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top