Насловна / Вести / Хамбург планира да ги елиминира автомобилите за 20 години

Хамбург планира да ги елиминира автомобилите за 20 години

Hamburg park1

Околу 40% од површината на Хамбург, вториот најголем град во Германија, се состои од зелени површини, спортски терени, градини, паркови и сл. За прв пат, Градот одлучи да ги инкорпорира сите овие површини во една целина преку пешачки и велосипедски патеки. Тоа е дел од Green Network Plan, кој има за цел да ги елиминира возилата во Хамбург во период од наредните 20 години.

Hamburg zelena mreza

Според портпаролот на градската управа, Ангелика Фрич, се работи за уникатен систем на интеграција на зелените површини во градот. „Другите градови, вклучувајќи го и Лондон, имаат зелени прстени, но зелената мрежа би била единствена во смисла на интегрирање и на периферијата и на центарот на градот. За 15 до 20 години, можете да го истражувате градот исклучиво пеш или на велосипед.

Hamburg park

Хамбург има две големи зелени јадра – едното на север, другото на југ. За да се обезбеди солидна интеграција, главниот тим ќе работи со по еден одговорен од секоја од седумте општини на поширокиот градски регион“, појаснува Фрич.

Hamburg zelena mreza1

Градот, исто така, ќе изгради нови зелени површини со цел регулирање на микроклиматските услови (во последните 60 години, просечната температура во Хамбург се покачила за 1,2ºC). Овие простори ќе овозможат и превенција од поплави.

Со овој потег Хамбург го следи трендот на останатите одржливи градови, засега најдобро претставени преку примерот на Копенхаген.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top