Хамбург, Lieb Sein!

_MG_4221
Го посетив Хамбург. Цел, непозната. Туризам, забава, љубопитност…
Времето се погоди, двосмислено, прекрасни, сончеви денови, со ладни но пријатни ноќи, а престојот се совпадна со Reeperbahn Festival 2014, во срцето на Хамбург, St. Pauli, на улицата Reeperbahn.

Пристигнав неколку дена пред отворањето на фестивалот, доволно време за прошетка и разгледување на градот. Сепак, атмосферата се загреваше како што се ближеше настанот.  Тоа не ме спречи во намерата да пешачам низ градот, талкајќи без план, вообичаено, откривајќи ги убавините на модерниот, но и традиционален центар на северот на Германија.

Видов се, прекрасни стари градби, нови облакодери, паркови, стари хангари, бункери, адаптирани за нова намена. Импресиите ме обземаа, не знаев што се случува. Зар овие луѓе не забележуваат каде живеат? Се движат, брзаат по своите обврски… Сето се промени навечер, се стемни, светна градот, и Reeperbahn дојде до израз!

Фестивалот го отворија градоначалникот на Хамбург Олаф Шолц и министерката за култура на Германија Моника Гритерс. VIP забавата, на која успеав да присуствувам, благодарејќи на домаќините од Хамбург маркетинг и factory92, ме воодушеви во скромноста и ефикасноста, без помпезност, но со германско гостопримство.

Од таму натака беше само забава, дружење и уживање во убавините на Хамбург.

За архитектурата на градот нема да зборувам, погледнете.

продолжува

Испрати коментар

Scroll To Top