Насловна / Архитектура / Хакатон (натпревар) по повод Светскиот ден на инженерството 2023

Хакатон (натпревар) по повод Светскиот ден на инженерството 2023

Светската инженерска организација и УНЕСКО организираат Хакатон (натпревар) по повод Светскиот ден на инженерството 2023. Хакатонот е насловен „Инженерска иновација за поотпорен свет“ е дизајниран да ги поттикне студентите по инженерство да работат во тимови на решавање на глобален реален проблем.

inz1

На натпреварот имаше регистрирано повеќе од 1000 млади и талентирани инженери од целиот свет. Комисијата за избор, од пријавените, издвои 12 тимови финалисти. Финалистите на 4-ти Март 2023 година, во рамките на одбележувањето на Светскиот инженерски ден ќе имаат прилика да ги презентираат своите трудови и во живо на настанот ќе биде прогласен победникот.

инз2

Овој натпревар претставува симулација на проект од реалниот свет. Тимовите треба да работат заеднички на избран проблем за да обезбедат збир на резултати во краток временски рок. Користејќи го своето теоретско знаење, студентите стекнуваат искуство од прва рака за да го развијат своето критичко размислување, да изградат нови вештини, да излезат од нивната комфорна зона и да изградат трајни односи.

Повеќе на следниот линк.

Испрати коментар

Scroll To Top