Насловна / Вести / „Хабл“ сними мистериозен „црвен квадрат“ во вселената

„Хабл“ сними мистериозен „црвен квадрат“ во вселената

Орбиталниот телескоп „Хабл“ (Hubble) доби фотографии од необичната двојна ѕвезда HD 44179 во соѕвездието Еднорог, којашто е опкружена од мистериозна црвена структура, слична според формата на многуте ставени едена во друга тридимензонални коцки или паралелопипеди, пишува порталот Space.com, повикувајќи се на Европската вселенска агенција (European Space Agency – ESА).The unique Red Rectangle: sharper than ever before

Ѕвездениот систем HD 44179 е откриен во 1973 година за време на прелетот на геодезичка ракета чија цел била правење снимки од ноќното небо во инфрацрвениот спектар. Таа претставува двоен ѕвезден систем кој е опкружен со протпланетарна маглина, оддалечена од Земјата 2.300 светлосни години. Оваа маглина претставува останки од надворешните слоеви од една од ѕвездите, кои таа периодично ги исфрла во космосот.

Нејзината необична „правоаголна“ форма претставува, како што денес сметаат научниците, резултат на тоа што двојката ѕвезди HD 44179 е опкружена со густа обвивка од вселенска прашина, која специфично го насочува движењето на облаците од топол гас што го испушта ѕвездата, создавајќи гигантска вселенска буква Х, која може да се види на снимката на маглината.

Оваа маглина го привлекува вниманието на истражувачите не само со својот облик, туку со нејзиниот мистериозен хемиски состав. Имено, во нејзината внатрешност има сложени органски материи, коишто, како што претходно сметаа астрономите, морале да бидат уништени под влијание на тешката ултравиолетова светлина. Покрај тоа, таа има загадочен црвен колорит, кој астрофизичарите се обидуваат да го објаснат повеќе од 30 години од откривањето на HD 44179.

Последните десет години истражувачите, благодарејќи на снимките на „Хабл“ и „Спитцер“ и други вселенски телескопи, успеаја да се приближат до одгатнувањето на нејзината тајна, при што се покажало дека црвеното сјаење потекнува од сé уште непознатите својства на прашината, од којашто се состојат „правоаголниците“ HD 44179. Оваа вселенска прашина, сметаат денес научниците, сјае како резултат од интеракцијата со ултравиолетовата светлина на „белото џуџе“, едно од двете „ѕвездени“ компоненти на системот.

Новите снимки на „црвениот квадрат“, како што се надеваат во американската агенција за вселенски истражувања NASA, добиени со поголема острина и во различните дијапазони од видливата светлина, ќе им помогнат на научниците да ја откријат тајната на црвеното сјаење на HD 44179 и ќе ги откријат другите мистерии на оваа необична вселенска „слика“.

Испрати коментар

Scroll To Top