Насловна / Архитектура / Habitat 67: Пропаднатиот сон за зграда на периферијата во која секој станар ќе има своја градина

Habitat 67: Пропаднатиот сон за зграда на периферијата во која секој станар ќе има своја градина

Една од најнеобичните згради на светот се наоѓа во Монтреал, Канада. Станува збор за објектот Habitat 67, кој денес наликува на сцена од стар научно фантастичен филм. Habitat 67 е проектиран од страна на архитектот Moshe Safdie, како негова дипломска работа. Подоцна објектот е изграден со цел привремено сместување на работници, кои доаѓале од целиот свет за светската изложба Expo 67.  Проектот е своевиден експеримент кој ја користи архитектурата за копирање на органскиот раст, спојувајќи ја природата и геометриските форми. Таквиот стил се препознава како дел од правецот метаболизам, кој во текот на 60-тите години од минатиот век во Јапонија ја заговарал синтезата помеѓу традиционалното јапонско градителство и технологиите на модерната архитектура.

habitat1

habitat2

habitat3

Иако Habitat 67 често се нарекува бруталистичко ремек дело, Safdie напоменува дека зградата настанала како реакција на бруталистичкото движење во тоа време и претставува проект за луѓето од средната класа, како начин за подобрување на квалитетот на живот во урбана средина. Секоја единица од зградата имала пристап до градина, а најголемиот дел од нив биле изградени на покривот од  соседниот стан. Една од девизите на Safdie била: „Градини достапни на сите“.  Секоја од 354-те идентични монтажни кутии од кои се состои Habitat 67, изработени се во фабрика која се отворила посебно за нивната изработка, а на станарите им биле на располагање 158 станови. Денес ги има 148, бидејќи дел од нив се споени. Но животот во Habitat 67 никогаш не бил евтин, без оглед на тоа што се наоѓа далеку од центарот, во индустриската зона без погодности како метро, трговски центри или други домови. Покрај конечниот трошок од 22 милиони евра, трошоците за изградба го надминале буџетот, па зградата во државна сопственост барала необично високи цени за наем за да ги надомести трошоците.

Изворниот план на Safdie вклучувал изградба на над 1000 станови, продавници и училишта, но неговиот сон никогаш не е реализиран. Habitat 67 сеуште е дом на стотина жители на Монтреал.

habitat4

habitat5

Испрати коментар

Scroll To Top