Атинското архитектонско биро Block722 проектирало еко-одморалиште кое ги спојува земјените и нежните беж тонови на островот Фолегандрос во Грција.
Наречено Gundari Resort, одморалиштето, лоцирано на Фолегандрос, проектирано е да се вклопи во недопреното, бесценето опкружување.
Малиот егејски остров е совршен пример за природната убавина, со неговата ниска медитеранска вегетација, драматични карпести ридови и бескрајниот син хоризонт.
Покрај физичките атрибути, како што се едноставните волумени и изборот на материјали, Gundari Resort е проектирано да се вклопи совршено со опуштениот начин на живот на островот, обезбедувајќи им на посетителите луксуз на време, свесност и релаксација.
„Барањето на клиентот беше еко-одморалиште, комплекс за угостителство кој е целосно во склад со околината, неговиот лесен отпечаток кој ги почитува прекрасните пејзажи и културното наследство на Кикладскиот остров“, велат од Block722.
Како одговор, Sotiris Tsergas и Katja Margaritoglou, основачите на Block722, замислиле архитектура која комбинира мир и благо чувство за авантура за да создадат идеален одмор.
Сè е внимателно избрано за да упатува на визуелниот и културниот јазик на островот, од избраните бои, кои црпеле инспирација од блиското море и камењата, до материјалите и целокупната композиција, која им оддава почит на традиционалните егејски селски формации.
Сместено на пространа карпа, Gundari е проектиран како збир од скромни згради распространети низ целата локација.
Внатре, низа апартмани се сместени во благо брановидниот пејзаж, секој со ориентација што обезбедува простран поглед на морето, а за ова да се постигне комплексот е поставен околу два дела.
Првиот е сместен речиси невидливо, со зелени кровови и пониско; вториот е над земја, но сепак подреден на теренот.
Црпејќи инспирација од сликите на селската сала што се истакнува на главниот плоштад на архетипското грчко село, главната зграда на одморалиштето, во која се сместени рецепцијата и комуналните содржини, поставена е малку повисоко меѓу нив, суптилно сигнализирајќи го на посетителот своето присуство.
Посетителите се нурнаит во сината позадина на Егејското море додека бесконечен базен се спојува со неговите бои кога се гледа низ распоредот на волумените што го насочуваат нивниот поглед кон хоризонтот.
Одморалиштето е едноставно и скромно, проектирано во препознатливиот топол минимализам на Block722 и им оддава почит на кикладските архитектонски традиции.
Gundari има палета составена само од природни материјали и бои, што му дава богатство на концептуална слоевитост и опипливи текстури.
И внатрешноста и надворешноста на одморалиштето содржат мермер, дрво и глина, а голем дел од природниот камен и чакал потекнуваат од локацијата, што обезбедува циркуларност во процесот на градење.
На овој начин, просторите – кои се уредени со земјени бои како топло сива и нежно беж – создаваат естетски пријатна, суптилно раскошна средина полна со и почитување, како концептуално така и практично.
Оваа мирна атмосфера дополнително се подобрува со внимателно избрани уметнички дела, керамика и музика низ одморалиштето. Дизајнот е комплетиран со вградени и самостојни парчиња мебел од бирото, во комбинација со антички парчиња.
Прецизно планираното, извонредното искуство на Gundari Resort е дополнително отелотворено во јавните простори, од кои многу се надвор, како што е вообичаено на Кикладските острови.
Ова им овозможува на посетителите да уживаат во глетките и да се чувствуваат како едно со околината. Доолж главните патеки на одморалиштето, деликатните дрвени конструкции обезбедуваат сенка и визуелен континуитет помеѓу скулптуралните, едноставни форми на затворените камени површини.