Насловна / Архитектура / ГУМНО – куќа на островот Крк

ГУМНО – куќа на островот Крк

Во интервјуто со архитект Идис Турато од Хрватска, специјално за „Порта 3“, објавено во последниот број од 30 јануари, меѓу другите беше спомнат и овој прекрасен проект, кој на крајот во нашите дилеми за насловна страница го доби приматот. Верувам заслужено.

Во овој приказ ви ја претставувам оваа исклучителна куќа на преубавиот остров Крк. По мој вкус, по многу што, едно од поубавите „мали“ архитектонски дела на овие простори во последно време.99

Куќата „Гумно“ е оригинална современа резиденција со вкупна површина од 930 метри квадратни за четиричлена фамилија. Во процесот на планирање, архитектите од Tyrato Arhitects се одлучиле, гумното заедно со кружниот сув камен ѕид да остане и да се направи двор со влез кон овоштарникот, а маслиникот да стане современ парк, место каде фамилијата се собира со своите гости, пријатели и мештаните од селото Рисика.GUMNO KUĆA NA KRKUGUMNO KUĆA NA KRKU

Куќата „Гумно“ се состои од три различни по функција простори.

Првиот е масивен рустикален подрум, и во него се наоѓаат вински подрум, склад за маслиново масло и простор за собирање. Подрумот е едностано уреден, опкружен со камени ѕидови, со дрвени маси и столици.

Вториот простор е простран, застаклен дневен престој наменет за фамилијата. Тука е и влезниот простор на куќата. Со отворање на стаклените врати се губи границата меѓу внатрешниот и надворешниот простор. Се има осет дека сте во природа. Белата тераса на стаклениот дневен престој потсетува на бродска палуба.

GUMNO KUĆA NA KRKUGUMNO KUĆA NA KRKU

Третиот простор е големиот базен, со незаобиколниот поглед кон морето. Базенот се наоѓа на бетонска конструкција, која е сместена во средината на кружното плато. На врвот на куќата се четири мали спални единици, секоја со сопствена тераса.GUMNO KUĆA NA KRKU

GUMNO KUĆA NA KRKUGUMNO KUĆA NA KRKUGUMNO KUĆA NA KRKUGUMNO KUĆA NA KRKU

За вкусовите не се расправа, но сметам дека овој проект е БАШ СО ВКУС.

Испрати коментар

Scroll To Top