Аи Веивеи е еден од најпознатите азиски концептуални уметници, а неговата работа често пати предизвикуваат контроверзии. Во Фиренца, од денес (23 септември) до 22 јануари посетителите ќе бидат во можност да видат мноштво од неговите постари но и понови дела.
Изложбата наречена Libero вклучува инсталации, скулптури, видеа и фотографии, кои треба да имаат влијание врз актуелните општествени и политичките прашања.
Сепак, најголемо внимание веќе предизвикуваат 22 гумени чамци прицврстени на прозорците на Палатата Строци.
Целта е да се подигне свеста за условите во кои бегалци секојдневно се обидуваат да избегаат од војните и да најдат подобар живот.
Аи Веивеи се ангажирал и порано околу хуманитарните кризи, а оваа изложба е критика на начинот на кој Европа се справува со последната криза.