Насловна / Екологија / „Гугл“ ќе произведува автомобил без управувач

„Гугл“ ќе произведува автомобил без управувач

early-vehicle-lores
Планираниот двосед нема да се најде во комерцијална продажба, но „Гугл“ се надева дека до овој период следната година околу 100 прототипови од ова возило ќе се најдат на патиштата, иако нема да се движат со голема брзина, максимум 40 километри на час. Погонот ќе биде електричен, а комплетното управување на возилото ќе се раководи софтверски. Возилото ќе користи комбинација од ласерски и радарски сензори како и податоци од камери за да се движи безбедно. Правецот на движење ќе се обезбедува преку системот „Гугл мапс“. Ова електрично возило ќе биде компактно и во облик на меур, за да се олесни движењето низ градските шпицови.

Испрати коментар

Scroll To Top