Постои уште една убава вест за сите што сакаат хедонизам на највисоко можно ниво. Креативниот директор на „Гучи“, Алесандро Мишел, го започна проектот наречен Gucci Garden, а кој се наоѓа во Фиренца. Проектот има за цел да понуди различни искуства кога е во прашање историјата на оваа престижна куќа, како и поинакво искуства кога се во прашање музеи и експонати.
Но, покрај тоа, посетителите ќе уживаат и во новото подрачје што Мишел се обидува да го освои, а тоа е гастрономијата. Всушност, отворен е ресторанот Gucci Osteria, кој може да прими до 50 гости кои ќе готви познатиот готвач Масимо Ботура, носител на три Мишелин ѕвезди.
На менито заедно со широкиот избор на пијалоци и мали закуски, ќе се најде и цел спектар на традиционални јадења, а за да дојдете до ресторанот, ќе мора да платите осум милиони евра, од кои дел ќе бидат донирани за реновирање на делови од градот.
Ова не е прв пат модните куќи да влезат и во гастрономската сфера, а причината е, главно, што нивните челници сега се повеќе свесни и внимателно следат на што нивните клиенти се подготвени да трошат пари.