Насловна / Вести / Gucci Giardino 25 на плоштадот Piazza della Signoria во Фиренца

Gucci Giardino 25 на плоштадот Piazza della Signoria во Фиренца

Отварајќи го на Денот на вљубените, Gucci го претстави Gucci Giardino 25, нов целодневен кафе и коктел бар, проширувајќи ја чудесната замисла Gucci Garden, на креативниот директор Александар Микеле.

5_resize

Сместен на плоштадот Piazza della Signoria во Фиренца, новото седиште е инспирирано од декоративната убавина што ја предизвикува цвеќето, додека го внесува препознатливиот раскош на модната куќа во дизајнирање на кафе-барови. Сенф жолти панели ги надополнуваат живописните и луксузни седишта во паун сина боја.

6_resize

На останатите места, софистицирани мермерни шанкови и столици ја отсликуваат сензуалната елеганција по која е познат Gucci. Gucci Giardino 25 е идеално место за секој момент во текот на денот, бидејќи целодневното мени го одразува капацитетот на просторот за работа и игра. Опфаќајки го тосканскиот пејзаж и сезонскиот пристап на храната, ова место на висока класа ги претставува традиционалните јадења, додека посегнува по меѓународни состојки од Јапонија и Мексико.

1_resize

Gucci го нуди и возвишениот Memoire di Negroni, меѓу останатите коктели. За совршени коктели задолжена е Martina Bonci, која љубовта кон виното ја наследила од својата прабаба.

Храната се служи во текот на целиот ден, од доручек во осум часот наутро, до вечера и лесна ужина до еден часот по полноќ.

00_resize

4_resize

2_resize

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top