Зошто само би носеле италијански луксуз, ако може да се живее со него?
Креативниот директор на прославениот бренд Gucci, Алесандро Микеле, верува дека индивидуалниот израз преку дизајнот не познава граници. Во светот на Gucci, можностите кои постојат за комбинирање бои, форми и модели се бесконечни. За Микеле, секоја креација е нова можност да дизајнира она што го меша наследството со самоизразување, секогаш инспирирано од жестоката и екстравагантна страна на природата.
Новата колекција на Gucci Décor не е исклучок, бидејќи Микле носи избор на парчиња кои луѓето ги прават вистински кустоси просторот за живеење.
Домашната колекција го отелотворува заштитниот знак на облеката Gucci и создава простор каде што е можно не само да носите италијански луксуз, туку и да живеете во него. Секое парче ги претставува карактеристичните елементи на брендот, без разлика дали се работи за GG модел, мотиви на пчели и sвезди.
Gucci Décor претставува и садови создадени со иста посветеност како и оброците во домовите каде што храната е причина за собирање и дружење. Порцеланските тањири произведени од фирентинската компанија Ginori 1735, се резултат на детална и специјализирана изработка која вклучува рачно насликани релјефни печатења на Хербариум штампа и други сложени процеси.
Останатите садови содржат примероци од Odyssey и Star Eye. Во опсег на бои, претежно зелена и жолта, разните парчиња за маса се надополнети со сребрен прибор за јадење, кој исто така го следи специјалното производство со повеќе од 20 фази. Комплети вилушки и лажици, кои можат да се персонализираат, содржат мотиви на Gucci кои се повторуваат, како што се пчели или познати глави на лавови.
Врската помеѓу креативната слобода и деталната изработка е суштината на секоја колекција на Gucci Décor. Од таа причина, комплетите за јадење не се единствените предмети кои ја слават уметничката способност на она што е рачно изработено и произведено во Италија. Свеќи, со различни ароми, изработени се од обоено стакло, слично на садовите во аптеките од крајот на 19 и почетокот на 20 век, направени од традиционално дувано стакло на Мурано во Венеција.
Различните предмети исто така имаат златни акценти или пишани зборови, предизвикувајќи моќна и романтична естетика која се протега на мебелот и ќебињата. Внесувајчи го секој гостин во атмосфера на топла фантазија полна со удобност, Микеле користи различни текстури и ткаенини за да создаде мебел кој станува идеално парче за секој еклектичен дизајн.
Мебелот од жакард ткаење, свила и лен прикажува наменски мотиви на Gucci како октопод, медуза, мачка и графика „V“, кои се издвојуваат на површините главно во црна, сина, розова, зелена, жолта боја – се во интензивни и длабоки тонови. Колекцијата користи и контрастни детали, како што се плетени реси на ќебиња, украси од месинг или детали за фотелји. Исклучителноста на столарската работа се огледува во склопувачките дрвени маси и другите делови од мебелот.
Конечно, целата домашна композиција во стилот на Gucci кулминира со екстравагантни таписерии со цветни и геометриска графика, кои се можни само преку долготраен процес на дигитално печатење поради големиот број бои.
За да го искористи дополнително симболичкото значење на богатото портфолио на Gucci, Алесандро Микеле креирал кампања посветена на колекцијата, снимена во sидовите на музејот Atelier Canova Tadolini во Рим, исполнета со скулптури од Антонио Канова, Адамо Тадолини и други уметници.