Новинарката од британски Guardian, Hayley Long престојувала во Сараево, па по тој повод во рубриката на овој реномиран медиум која е посветена на туризмот, на читатеите им ги пренесува своите впечатоци. Guardian потсетува дека името на главниот град на БиХ најчесто се поврзува со војна и страдања, но сепак истакнува дека во изминатиот период е направено многу за опоравок на овој „извонреден и отпорен град“. Наведува дека туризмот е во подем, што не е за изненадување, бидејќи се работи за навистина убав град.
„За среќа, на убавините на Сараево денес посетителите повторно можат да им се восхитуваат и преку новата жичарница на Требевиќ, која пружа прекрасна панорама“.
“Сараево не може да се спореди со ниту еден друг европски град, бидејќи овде истовремено хоризонтот го украсуваат и минарињата на џамиите и камбанариите на православните и католичките цркви. Тоа е само уште еден факт во низата што го чини овој град фасцинантен. Ова е местото каде се сретнуваат Истокот и Западот. На едно место луѓето седат и пијат пиво, а наспроти нив место во кое воопшто не се точи алкохол, туку тоа е кафеана со босанско кафе и наргиле.
Османлискиот, австроунгарскиот и модерниот мозаик се силно испреплетени.
Добар пример за тоа се слаткарниците во градот кои нудат и виенски колачи, и локум, и кремпити. Сараево има толку добра енергија, и навистина е тешко да се сфати теророт од средината на деведесеттите. Но, не мора да барате посебни докази за тие настани. Секоја зграда со своите лузни сведочи и денес за тие времиња, а споменикот во центарот на градот, го обележува страдањето на 1.500 деца во текот на опсадата на градот“, пишува Guardian.