Утре (вторник) во 20 часот, во НУ Центар за култура Струмица ќе биде отворена Групна изложба на уметници од Република Чешка и Република. Македонија со наслов „Изминување на времето“.
Воедно сo изложбата ќе започне 54. струмичка меѓународна ликовна колонија.
Автори уметници во ликовниот проект – изложба на автори од Чешка и Македонија се: Ленка Сарова Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски / гостин/.
Застапени се автори од разни генерации, 12 автори со 33 дела; творејќи во различни медиуми како: сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн.
Дадениот момент, времето, ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на Република Македонија. Организатор и куратор на ликовниот проект е ликовниот уметник Петра Јовановска, проектот е во соработка со амбасадата на Република Чешка.