Денес (24 јуни) во Културно-информативен центар – Скопје, со почеток во 21 часот, ќе биде отворена групна изложба „Фемина 8/II“ на која учествуваат авторите Христијан Санев, Јовица Мијалковиќ, Ибраим Беди, Филип Фидановски, Благојче Наумовски, Урош Вељковиќ, Горан Менков, Исмет Рамиќевиќ и гости од Србија, Аљоша Нинковиќ, Златко Цветковиќ, Арпад Пулаи.
Според Јана Манева–Чупоска, која е куратор на изложбата „Фемина 8/II“, изложбата во најширока смисла го истакнува значењето на мотивот ФЕМИНА, со тоа што овој пат, за ралика од „Фемина 8/I“, резултатот е одреден процес на креација со нови семантички слоеви одговорени од единаесет автори, при што нивниот ФЕМИНА ликовен потпис би можел да се опише како творештво на личен имагинарно-креативен трансфер или лична симболизација. Авторите низ повеќекратни семантички слоеви и мотиви постигнуваат концептуални и семантички набои во крајно успешни ликовни реинтрепретации и реактуализации vis-à-vis родовата (не) (еднаквост).