Насловна / Архитектура / Групирани станбени единици со поглед на пејзажот на Кенго Кума

Групирани станбени единици со поглед на пејзажот на Кенго Кума

Единиците се распоредени на начин што овозможува широк поглед на пејзажот, природна светлина и отворени простори.

1

Kengo Kuma and Associates (KKAA) се проектанти на резиденција со повеќе единици на планина со поглед на градот Сапоро, во Хокаидо, Јапонија.

2

Комплексот се развива во хоризонтален распоред, а поединечните станбени единици се вгнездени во падината на ридот и поставени се во скалеста форма, спојувајќи се со пејзажот и топографијата. Секоја мала куќа е поставена за да создаде отворен простор и поглед на панорамата. Ова исто така овозможува и изобилство природна светлина да влезе во сите резиденции.

6

Надворешните и потпорните ѕидови се обложени со трупци од локално потекло. Во обид да се комбинираат дрвото и бетонот, архитектите всушност користеле дрвени панели со груба кора како оплата за бетон.

3

Комплексот се состои од повеќе од 15 единици и во секоја од нив има голем простор за спиење, сопствена бања со сауна и кујна. Пристапот до секоја единица е возможен преку централни отворени скали.

7

10

9

8

11

Испрати коментар

Scroll To Top