Насловна / Вести / GROHE го опреми училиштето ЕМУЦ 8 Септември во Скопје, на располагање на учениците меѓународно акредитирано стручно оспособување

GROHE го опреми училиштето ЕМУЦ 8 Септември во Скопје, на располагање на учениците меѓународно акредитирано стручно оспособување

ЕМУЦ 8 Септември во Скопје е 67-то училиште опремено преку програмата GROHE GIVE низ кое ќе поминат 19 ученици кои се пријавени за едукација

Водечката санитарна компанија GROHE успешно, како дел од програмата GIVE ( англиски. GROHE Installer Vocational Training and Education ), го опреми училиштето ЕМУЦ 8 Септември во Скопје, воедно и прво училиште во Северна Македонија. Станува збор за меѓународно акредитиранана програма за стручно оспособување и едукација во областа на водоводните инсталации преку која GROHE за средните стручни училишта ширум светот обезбедува квалитетен материјал за обука, модерна опрема и, на крајот, писмен испит.

358135235_18196712698253093_4265082221709274866_n

„Во GROHE ја препознаваме потребата од систематско инвестирање во стручното образование, со цел на идните млади професионалци да им се обезбеди квалитетна подготовка за да излезат на пазарот на трудот. Преку нашата програма GIVE, учениците стекнуваат стручно и практично знаење за иднината, се запознаваат со реалните ситуации со кои ќе се сретнат преку нивната работа, во согласност со денешните трендови и стандарди во санитарната индустрија. Мило ми е што отсега нашата програма GIVE е достапна и во Скопје, а ова е само почеток на нашите големи планови кога е во прашање спроведување на програмата во стручните училишта во Северна Македонија, но и во остатокот од светот.

e4

Водоводџиите се многу барана професија денес, бидејќи сме сведоци на нивниот дефицит на пазарот и верувам дека сите кои што ќе ја поминат нашата програма ќе најдат работа во најкус можен рок, како самостојно така со наша помош. Затоа ми е драго што преку проектот, заедно со партнерските институции, градиме одржлива иднина, чиј составен дел се квалификувани и доверливи професионалци“, истакна Мартина Џоја Баришиќ , Лидер  за Медитеранот на LIXIL EMENA , и додаде. дека ова е 6-то училиште во регионот Адриа, а досега се отворени 3 училишта во Хрватска, 1 во Босна и Херцеговина и 1 во Црна Гора.

„Горди сме и почестени што го отвораме ова училиште, 67-мо по ред. Нашата цел е да опфатиме дури 100 училишта до 2025 година. На учениците преку образованите сакаме да им обезбедиме теоретско и практично знаење и да дадеме поддршка во форма на производи и алати со кои ќе учат, книги и работни тетратки кои покриваат различни категории. На самиот крај ќе се валоризира знаењето преку испитите што ги подготвуваме, а оние кои ќе постигнат одреден резултат ќе добијат и меѓународно признат сертификат, кој е одлична отскочна штица за иднината во санитарната индустрија“, нагласи Лидерот на GIVE Program & WorldSkills , LIXIL EMENA, Тимо Курц.

e

На самата презентација присуствуваше и министерот за образование, Агим Нухиу , кој се обрати пред насобраните и испрати порака до учениците: „ Мило ми е што гледам 19 млади, перспективни луѓе кои добија можност да станат најдобри од најдобрите во нивната струка, и затоа добро искористете ја оваа можност“. Верувам дека ве чека светла иднина и на тој ваш пат ви посакувам многу успех. Исто така, благодарност до GROHE за иницијативата и одлично дизајнираната програма што нашите деца квалиетно ги подготвува токуму за иднината“.

Своето задоволство од соработката со компанијата GROHE ја истакна и директорот на Училиштето Анастас Чангоски и истакна дека со воведувањето на GIVE програмата се постигнува квантен скок кон најсовремената технологија во водоводџиството, што е голем поттик за младите да изберат стручно образование.

e3

Учесниците, освен пристапот до најсовремените решенија во санитарната индустрија, ќе посетуваат курсеви водени од искусни техничари, а после успешното полагање на писмени испити ќе добијат меѓународно признат сертификат кој ќе придонесе за полесно вработување после завршувањето на формалното образование. Освен тоа GROHE на учениците ќе им обезбеди помош при вработувањето или можност за работно искуство кај некој од партнерите на GROHE.

e2

За програмата GIVE

Во 2021 година, GROHE ја започна својата програма GIVE ( англиски. GROHE Installer Vocational Training and Education ) програма со цел да обезбеди добра основа за успешен почеток на професионални кариери на учениците од средните стручни училишта. Досега е остварена соработка со 67 училишта низ Европа, Блискиот Исток и Африка, а со оваа програма GROHE сака да обезбеди пристап до едукација за современи санитарни решенија за дури 5 илјади ученици ширум светот. Програмата GIVE е дел од напорите на компанијата GROHE, како дел од групата LIXIL, преку заедничка стратегија за одржливост да го подобри животот на 100 милиони луѓе преку санитарни и хигиенски иницијативи до 2025 година.

e0

За GROHE

GROHE е водечки светски бренд за комплетни решенија за бањи и кујнски елементи. Од 2014 година, компанијата е дел од силното портфолио на LIXIL групацијата, која вклучува производители на современи производи за вода и домување. GROHE ги следи вредностите квалитет, технологија, дизајн и одржливост, стремејќи се да понуди „ Pure Freude an Wasser “. GROHE нуди решенија и услуги кои го унапредуваат животот, преку своето наменско портфолио GROHE QuickFix, GROHE Professional и премиум под брендот GROHE SPA. Сите решенија ги задоволуваат специфичните потреби на професионалните деловни партнери на GROHE и нивните целни групи.

0-02-05-7612334210e9b2d94ca1208dae1b1014889705806e5aafb1182cfe6b2a77ee48_c5336e68a606950a

Со водата во срцето на бизнисот, брендот придонесува за стратегијата на LIXIL која е насочена кон ланецот на вредности кој заштедува ресурси: од CO2-неутрално*производство, елиминирање на непотребната пластика во амбалажата на производите, па се до технологии кои штедат вода и енергија, како што е GROHE Еверстрим, туш со рециркулација на вода. Благодарение на хибридниот комуникациски екосистем GROHE X, компанијата поставува трендови во индустријата. Било дигитално, физички или хибридно, во Центарот GROHE X Brand & Communication Experience Center во Хемер во Германија или на пат со GROHE X Motion Trucks, компанијата ги поврзува луѓето како би придонеле во мисијата на LIXIL да „ секој дом го направи подобар за сите и насекаде “.

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top