Насловна / Екологија / „Гринпис“: На енергетските гиганти им одговара зависноста на ЕУ од фосилни горива

„Гринпис“: На енергетските гиганти им одговара зависноста на ЕУ од фосилни горива

greenpeace_2
Додека челниците на ЕУ се подготвуваат за одлуките во врска со енергетската иднина на Европа, новиот извештај на „Гринпис“ покажува зошто најголемите енергетски компании се трудат и понатаму да се задржи курсот на сериозна зависност на Европа од фосилните горива. Таа зависност од увозот на „валкани“ енергенти го слабее европскиот дипломатски одговор на кризата во Украина, а финансиските последици се огромни. Секојa година ЕУ одвојува 400 милијарди евра за увоз на енергенти (53% увозна зависност).

Извештајот на најпознатата организација за заштита на природата потенцира дека една третина од приходите на осумте најголеми енергетски компании потекнува токму од овој увоз. Германскиот  E.ON, францускиот GDF Suez, и италијанскиот ENEL, се трите компании со најголеми приходи оставени преку увозот на енергенти.

Испрати коментар

Scroll To Top