Членовите на еколошката организација Гринпис, денеска, во рамки на кампањата против загадување на воздухот, ставија маски преку лицата на статуите на спомениците во Лондон со цел да го свртат вниманието на тој проблем.
Тие се качија на некои споменици, меѓу кои и на статуата на адмирал Нелсон, со цел да го прекријат неговото лице со маска. Поради оваа акција, досега се уапсени осуммина активисти. Демонстрантите се уапсени пред Парламентот за време на ставањето маска на статуата Оливер Кромвел, и покрај мерките за безбедност.
Од Гринпис потврдија дека вкупно 17 статуи биле цел на нивната кампања во Лондон, а нивната порака е дека статуите на великаните се живи луѓе и морале да вдишуваат опасен воздух.