Шведската активистка за клима, Грета Тунберг донираше 100 илјади американски долари на Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) за заштита на децата од коронавируси, соопштија од ООН.
“Како и климатската криза, пандемијата на коронавирус е криза за правата на децата“, рече седумнаесетгодишната Грета Тунберг.
Младата Швеѓанка го повика светот да одговори и со неа да ја поддржи важната работа на УНИЦЕФ за спасување на животите на децата со цел да го заштити нивното здравје и да го продолжи своето образование.
Преку нејзината фондација, Грета Тунберг донираше награда од 100 илјади американски долари што неодамна ја доби од данска невладина организација, наречена Human Act. Организацијата, исто така, донираше 100 илјади американски долари на УНИЦЕФ.
УНИЦЕФ ќе ги искористи овие пари за набавка на храна и санитарна опрема, како и за борба против насилството и падот на образованието на децата за време на пандемијата на коронавирус што доведе до затворање на училишта и карантин.