Насловна / Вести / Грета Тунберг наградата од милион евра ја дели на здруженијата за заштита на животната средина

Грета Тунберг наградата од милион евра ја дели на здруженијата за заштита на животната средина

Младата шведска активистка за клима, Грета Тунберг изјави дека португалската награда Gulbenkian во висина од еден милион евра ќе ја подели на здруженијата за заштита на животната средина.

Greta Tintin Eleonora Ernman Thunberg  un'attivista svedese per lo sviluppo sostenibile e contro il cambiamento climatico.  nota per le sue manifest
“Тоа е повеќе пари отколку што можам да си замислувам, но сите пари од таа награда преку мојата фондација ќе бидат поделени до разни организации и проекти кои им помагаат на луѓето да се борат со климата и кризата во животната средина, особено на југот на планетата“, вели таа во видео објавено преку нејзиниот профил на Твитер.
За почеток, 100 илјади евра ќе бидат дадени на компанијата СОС Амазонија од бразилската филијала „Петок за иднината“, со цел да се одговори на COVID-19 на таа голема територија.

Greta1
Истата сума ќе и биде доделена на Фондацијата „Стоп Екоцид“, чија цел е да го воведе криминалот „екоцид“ во меѓународното судство, вели Тунберг.
Сумата од еден милион евра е најголемата награда што досега ја примила Тунберг.
Младата Швеѓанка во 2019 година ја доби наградата „Rajt lajvlihud“, што важи за алтернативна Нобелова награда, со паричен дел од 100 илјади евра.

Испрати коментар

Scroll To Top