Гренобл – градот во француските Алпи ќе стане пионер во мобилноста на иднината. Граѓаните ќе можат да изнајмат едно од 100-те електрични возила на „Тојота“ ширум градот и да се довезат до саканата дестинација, имајќи притоа на располагање 30 станици за полнење. Во период од три години овој проект во целост ќе се имплементира, благодарение на партнерството помеѓу француската енергетска компанија EdF, „Тојота“ и локалниот оператор за изнајмување на возилата.
Главната идеја на овој проект е да им се овозможи на патниците да ги возат првите и последните неколку километри од својот пат на овој начин, комбинирајќи притоа и користење на јавен транспорт. Истражувањата покажуваат дека дневното патување во Европа трае од 40 до 50 минути. Патниците во голема мера користат јавен транспорт, но повеќето од нив мора да пешачат по 15 минути до својата крајна дестинација.