Насловна / Екологија / Гренобл: првиот град во Европа кој ќе се збогува со билбордите

Гренобл: првиот град во Европа кој ќе се збогува со билбордите

5
Францускиот град Гренобл ќе го забрани рекламирањето со билборди. Наместо тоа, ќе ги отвори јавните простори и ќе засади дрвја. Градските власти велат дека одлучиле да не го обноват договорот со една од водечките компании за овој вид на рекламирање, JC Decaux. Од јануари 2015-та градот ќе отстрани 300 билборди. Напролет ќе бидат посадени најмалку 50 дрвја на тие локации.

Заменик градоначалникот на градот објаснува: „Моделот на улично рекламирање е во опаѓање и под закана од дигиталните технологии. Но, ние не сакаме да го преземеме тој чекор. Не сакаме нашите деца да бидат бомбардирани од пораките што ќе ги упатуваат „чудата“ на дигиталната технологија на улиците“. Овој проект беше во фокусот на изборната кампања на сегашниот градоначалник и беше  прифатена кај електоратот.
B3He0clIYAAi3Ir
Минатата година магазинот „Форбс“ го препозна Гренобл како еден од најиновативните градови во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top