Со оглед на актуелната криза во снабдувањето со енергенти и нивната висока цена, земјите во Европа на различни начини се подготвуваат оваа зима да ја поминат со ригорозни мерки на штедење.
Во Италија на пример, заштедите и рестрикивните мерки се различни за различни зони од земјата. Почетокот на грејната сеозна е веќе одложен, но дали ќе има греење не зависи само од температурата на воздухот, туку и од зоната во која се наоѓа местото, односно т.н енергетска зона. Ги има вкупно 5 такви зони. Извесно е дека кога ќе почне грекјната сезона, температурите во становите во Италија ќе бидат максимум 19 степени а во компаниите максимум 17 степени. Во продавниците во Унгарија фрижидерите за ладење на пијалоци се исклучуваат.
И во Франција грејната сезона ќе започне 15 дена подоцна, а ќе заврши 15 дена порано. Во јавните институции и компании ќе биде исклучена топлата вода, а на граѓаните им се советува водата во болјерите да ја загреваат до максимум 55 степени. Излозите на продавниците ќе бидат во мрак од еден по полноќ до шест наутро.