Насловна / Вести / Gregy – забрзано енергетско поврзување на Грција и Египет

Gregy – забрзано енергетско поврзување на Грција и Египет

Изградбата на електроенергетската интерконекција помеѓу Грција и Египет, позната под името Gregy, претставува енергетски „мост“ за пренос на чиста енергија од ветер и Сонце, од Северна Африка до Европа. Оваа важна тема била во фокусот на трилателарниот самит помеѓу Грција, Египет и Кипар.

Грчката Copelouzos group, го забрзува развојот на овој амбициозен проект, чија вредност е 4,2 милијарди евра, со цел тој да се изведува до 2030 година. Имплементацијата на овој проект би можела да ја намали годишната потрошувачка на природен гас за 4,5 милијарди кубни метри, со што значително би се намалиле емисиите на јаглерод диокид и би се подобрила енергетската сигурност на Европа.

Gregy ќе пренесува 100% „зелена“ енергија добиена од обновливите извори во Египет, за потрошувачите во Грција и соседните земји во Европа. На овој начин, Грција ќе стане важен енергетски центар за источен Медитеран и југоисточна Европа. Електричната енергија добиена преку овој проект ќе има различни намени. Една третина ќе биде насочена за поддршка на грчката индустрија, додека една третина ќе биде наменета за снабдување на Бугарија, Италија и други делови од Европа. Преостанатата третина ќе биде употребена за производство на водород и зелен метанол во Грција, кои понатаму ќе бидат користени како гориво за бродови.

Испрати коментар

Scroll To Top