Насловна / Вести / Greenwashing-от најприсутен во секторите на нафта и гас

Greenwashing-от најприсутен во секторите на нафта и гас

Речиси една третина од компаниите, кои минатата година се обележени за greenwashing, повторно се „фатени“ дека продолжуваат со истата пракса и во 2024 година. Ова го покажува новиот извештај на компанијата RepRisk, која се занимава со податоци за животната средина, општествена одговорност и корпоративно управување (ESG). Што е по дефиниција greenwashing? Тоа е однесување на компаниите со кое намерно ги доведуваат во заблуда потрошувачите и јавноста за придобивките по животната средина од нивните производи и услуги.

Нафтата и гасот се индустрии кои се највеќе вклучени во случаи на greenwashing. RepRisk го идентификува greenwashing – от, испитувајќи го преклопувањето помеѓу две ESG групи на прашања: грижа за екологијата и манипулација во комуникациите. Притоа, идентификуван е 1.841 случај на манипулација во комуникаците ширум светот во минатата година, од кои 1.038 (56%) се однесувале на еколошки прашања. Ваквата комуникација вклучувала преувеличување на позитивниот учинок на работењето, неспоменување на негативните влијанија и употреба на нејасни изрази кои може да ги доведат потрошувачите во заблуда. Приватните компании доминирале, со 70% учество во случаите на greenwashing.

Анализата покажала дека 30% од прекршителите од минатата година продолжиле со истата пракса и во оваа година. Европа и Северна Америка пријавиле највеќе нови случаи, а потоа следуваат Азија, Латинска Америка и Карибите. Но, извештајот истакнува дека Европа оваа година забележала значаен пад на случаите. Земјите како Велика Британија, Холандија, Германија, Шпанија пријавиле пад на бројот на случаи на greenwashing, главно поради притисокот од регулаторите. Интересно е дека пад на бројот на вакви случаи пријавува и Кина. Од друга страна, САД бележи пораст на бројот на случаи на greenwashing за 6% на годишно ниво. Ова следува откако во минатата година е регистриран пад од 10%.

По секторите на нафта и гас, следуваат прехрамбената индустрија, банкарството и финансиските услуги, според случаите во кои е забележан greenwashing.

 

Испрати коментар

Scroll To Top