Насловна / Вести / Greenpeace повикува на оданочување на „супер“ богатите, за спас на климата

Greenpeace повикува на оданочување на „супер“ богатите, за спас на климата

Во пресрет на овогодишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Greenpeace заедно со други организации кои се борат против нееднаквоста, повикува на оданочување на „супер“ богатите ширум светот, напоменувајќи дека така би се собрале значителни средства за борба против климатските промени. Иако според зборовите на генералниот секретар на ОН, човештвото одамна е во „црвената зона“ кога станува збор за глобалното затоплување и состојбата на животната средина, врвот на климатската криза е достигнат во 2021 година, која ќе остане запаметена по топлотните бранови, поплавите, сушите, растот на нивото на морињата, недостаток на храна и уште многу кризи кои бараат итно ангажирање.

greenpeace1

За жал, 42% од оние кои ќе одат во Давос, сметаат дека нереагирањето на климатските промени ќе биде еден од најтешките проблеми во наредните 5 до 10 години, стои во Извештајот за глобалните ризици на Светскиот економски форум. Со други зборови, „дури 58% од нив не гледаат на ова како на долгорочен проблем, и сметаат дека немаат лична одговорност за непостапување“, пишува меѓународната директорка на Greenpeace, Џенифер Морган.

greenpeace2

Таа истакнува дека денес имаме помалку див свет, повеќе пластика во океаните и повеќе токсини во нашата почва споредено со било кога порано. Сечењето на шумите во просек изнесувало 10 милиони хектари годишно во периодот помеѓу 2015 и 2020 година, што е еднакво на еден фудбалски терен на секои две секунди. „Свеста за животната средина секако е на повисоко ниво, но ефикасна еколошка акција или релевантна општествена промена сеуште изостанува“, предупредува Морган. Пресметано е дека годишниот данок за најбогатите во светот би бил доволен да извлече од сиромаштија 2,3 милијарди луѓе, да направи доволно вакцини за цел свет и да пружи универзална здравствена и социјална заштита за сите граѓани од земјите со ниски и средно ниски примања (3,6 милијарди луѓе).

greenpeace3

Се најавуваат и потести против нееднаквоста во над 25 земји кои ќе се совпаднат со online состаноците на Светскиот економски форум „Состојбата на светот“, а нивната порака е кратка и јасна – „време е да почнеме да ги оданочуваме супер богатите!“

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top