Секоја приказна во новиот дом почнува со по некое шрафче и рачно нацртана скица. Потрага и желби како новата коцка да се претвори во комотно катче кое ќе го почувствувате како свој топол и безбеден дом, а вработените канцеларискиот простор како нивен дом. Значаен момент при самиот почеток на уредување на секој простор е воведувањето систем за греење и ладење. Притоа, да се обезбеди употреба на обновливи извори на енергија и имплементација на енергетско ефикасни системи, кои во иднина ќе возвратат со помали сметки за електрична енергија, за загревање и ладење на просторот, како и за снабдување со вода. Но, како брзо и едноставно да се стигне до најдоброто решение?
Mакедонската компанија Термо Систем, веќе две децении работи на домашниот пазар со увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греење, ладење, водовод и обновливите извори на енергија и работи по принципот „сите решенија и производи на едно место”. Најновиот момент е новиот продажен и изложбен простор со големина од 6.000 m2 каде Термо Систем и практично може да го запознае потрошувачот со најдобрите решенија за просторот што се уредува.
„Греењето мора да биде ефикасно и економично истовремено”
Термо Систем нуди решенија со кои може домот или канцеларијата одлично да се климатизира во текот на целата година, да се постигне совршена температура со што ќе се подобри и квалитетот на живот. При инсталација на водоводот приоритет е да се обезбеди санитарна вода и нејзина лесна регулација. Но постојат и решенија со кои, преку еден софистициран систем, може да го постигнете посакуваното ладење и греење на просторот, а при тоа да обезбедите и топла санитарна вода“.
Добриот избор станува особено важен последниве години, кога глобалната инфлација и раст на цените на енергенсите силно се рефлектира со континуиран раст на домашните цени и услуги. За потрошувачите полесно да се запознаат со новите иновативни системи со висока енергетска ефикасност, Термо Систем отвори изложбен простор каде може да се дојде до правилна техничка информација и запознавање со системите кои се нудат на пазарот.
Станува збор за мултифункционален простор каде потрошувачот може да добие понуда за интегрирано решение со најнова технологија и да го добие најекономичното решение за својот дом или деловен простор. Продажно – изложбениот салон се наоѓа на улица Скупи бр. 47, во близина на приватната болница Систина.
Термо Систем нуди производи од светски познатите брендови како Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.
Неодамна се организираше настан “PARTNERS DAY 2022” каде беа присутни 200 посетители.
„На 29.09.2022 за прв пат го организиравме овој настан каде дел од 10-тина познати Светски фирми како Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија, Siemens, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, Daikin Јапонија, Mikoterm Србија, наши долгогодишни соработници, пријатели и партнери беа дел од ова убаво случување.”
„Имавме одлични презентации од нашите познати партнери и разменивме прекрасни искуства и идеи. Горди сме бидејќи преку работата успеваме да шириме убава енергија, оддржуваме пријателства, да отвараме нови патишта за понатамошни соработки, зашто можностите не се случуваат, туку ние ги создаваме.”
„Остатокот од денот го зачинивме со “лотарија” , убава музика и прекрасна дружба. Неизмерно сме им благодарни на сите наши партнери,соработници,пријатели кои оставија свој белег на овој настан” – Вели тимот на Термо Систем.
* Комерцијален текст