Насловна / Екологија / Греење за домот со помош на лименки од пиво

Греење за домот со помош на лименки од пиво

Greenje so limenki od pivo

Натавникот по математика и информатика од Параќин, Дарко Миличевиќ (39), успешно спровел еден експеримент, и тоа од почетната идеја, која ја нашол на Youtube, па до целосна реализација. Се работи за концепт за загревање и догревање на семејната куќа со помош на соларната енергија, преку загревно тело изработено од алуминиумска амбалажа (лименки). Медиумите ја преувеличиле целата приказна, но сепак се работи само за екперимент и инвентивно решение. Куќата е невозможно да се загрева со ваков „систем“ бидејќи работи само при сончево време. Сигурно ова поинаку би функционирало на Медитеранските острови каде има голем број сончеви денови.

На почетокот на зимата Миличевиќ го монтирал панелот на јужниот ѕид од куќата. На 31 декември извршил мерења. Надворешната температура била -5 степени Целзиусови, а во дневната соба топлиот воздух стигнувал со температура од 51,8 степени Целзусови. Проектот на изведба на панелот траел цело лето и есен. Тој потенцира дека панелот има скромен капацитет, и се работи само за експеримент кој нуди една идеја како паметно да се искористат лименките од пијалаци.

„Имав многу идеи, но оваа ми се виде наједноставна. Купив иверица, стиропор за изолација, боја, силикон … Не е скапо бидејќи од сите материјали најскап е плексигласот за заштита. Во трошокот не ги сметам испиените лименки, така што овој систем чини 60 евра, без никакви оперативни трошоци“, вели Миличевиќ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top