Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Греење со биомаса за градовите во Војводина

Греење со биомаса за градовите во Војводина

photo-3
Новиот закон за енергетика би требало да и овозможи на Србија да го достигне највисокото ниво во процесот на европските интеграции во оваа област. Европските стандарди предвидуваат поголем степен на искористување на обновливите извори на енергија, на што во последно време и во Србија се посветува сериозно внимание. Во Сремска Митровица, веќе две години градската топлана користи биомаса како гориво. Тоа е првиот град во Војводина со ваков концепт на системот за далечинско греење. Се работи за најголемиот котел на биомаса во Србија со моќност од 18 MW. Биомасата што се состои од сончогледови лушпи е во состојба да покрие 80% од енергијата потребна за греење на градот.

Обновливите извори на енергија се планира да се воведат и во некои други градови во Војводина како: Кикинда, Сента, Врбас и Оџак. На овој начин ќе бидат искористени како енергент околу три милиони тони биомаса која секоја година се создава на полињата низ Војводина.

Испрати коментар

Scroll To Top