Насловна / Вести / Греењето на пелети станува луксуз

Греењето на пелети станува луксуз

Што се случува со еколошките пелети, со кои требаше да се намалува загадувањето на воздухот во земјава? Во фокусот се електричната енергија, гасот, парното греење, но каде останаа пелетите. Тие од летото досега поскапеа за повеќе од 50 отсто. Зависи од квалитетот, но сепак една вреќа моментално се продава и по 320 денари, додека летото чинеше 190 денари. Ако се направи споредба, пак, со цената кога прв пат се појавија на пазарот и чинеа околу 165 денари за вреќа, поскапувањето сега е цели 100 отсто.

pl

Освен што цената на еколошките пелети станува недостижна за македонските граѓани, домашните производители на пелети и увозниците се жалат дека со оваа цена овој бизнис станува економски неисплатлив. Домашните производителите на пелети велат дека сега откако е поскапена индустриската струја нив една вреќа ги чини 270 денари и немаат интерес да продаваат. Производителите не очекуваат намалување на цената на пелетите оваа година.

Пелетите наидоа на позитивни искуства кај граѓаните со оглед на едноставноста на целиот систем на одржување, можноста за подесување на топлината, на палењето и гасењето, како и едноставноста кај набавката на пелетите.

ДДВ-то за пелетите беше намалено од 18 на 5 отсто, а за купување на печка на пелети власта дава и субвенции. Овие мерки на почетокот го привлекоа вниманието на граѓаните да се префрлат на овој тип на греење.

pl1

Испрати коментар

Scroll To Top