Насловна / Вести / Green WEEE ќе инвестира 10 милиони евра во нова фабрика за рециклирање на е-отпад во Романија

Green WEEE ќе инвестира 10 милиони евра во нова фабрика за рециклирање на е-отпад во Романија

GreenWEEE International, членка на Green Group recycling park, на почетокот на годинава објави дека ќе започне со изградба на нова постројка за рециклирање на  електричен и електронски отпад. Тоа ќе биде трета фабрика од ваков вид во Романија, а треба да започне со работа до крајот на 2021 година. Проектот е финансиран од страна на OTP Bank Romania. Вкупниот број на вработени ќе надминува 325. „Уште од 2009 година, ние сме посветени во поплочување на патот за силна национална циркуларна економија преку рециклирање на електричен и електронски отпад и иницирање пазар на секундарни суровини за многу индустрии.  Оваа нова фабрика е во согласност со стратешкиот план на групата за нови и иновативни технологии, истовремено придонесувајќи за намалување на емисиите на стакленички гасови и ефикасно користење на ресурсите“, велат од GreenWEEE.

green1

green2

Електричниот и електонскиот отпад се собира од локалниот пазар, од економските оператори овластени да ја превземаат одговорноста во име на производителите, од продавачите на електрична и електронска опрема, како и преку договори со големите производители. Полутантите се отстрануваат од отпадот во контролирана средина,  при што околу 98% од материјалите од отпадот повторно се употребуваат.

green3

Испрати коментар

Scroll To Top