UNStudio е победник на конкурсот Melbourne’s landmark Southbank Precinct. Во исклучително јака конкуренција, во која се најдоа светски познатите имиња BIG, OMA, MAD и други, визијата на UNStudio вклучува чифт извртени кули под името Green Spine. Вредноста на проектот изнесува 2 милијарди долари, и се работи за најголем еднофазен проект во историјата на Викторија во Австралија. Green Spine е проектиран како најсовремен објект за мешовита намена кој е фокусиран на иновациите во архитектурата и дизајнот.
Green Spine зазема 6.000m² од BMW Southbank просторот. Проектот ќе содржи микс од малопродажни, хотелски, резиденцијални, комерцијални, културни и јавни содржини. Резиденцијалната кула е висока 356 метри и „крунисана“ со јавно достапна фтуристичка ботаничка градина, додека хотелот и деловната кула достигнуваат 252 метри.
Според оценката на стручњаците, проектот добро ги анализирал и вклопил јавниот и приватниот простор.