Од 14-ти до 16-ти декември 2017 година, во Грна Гора се одржува Green Montenegro International Film Fest – GMIFF. GMIFF е концептуален филмски фестивал на тема „заштита на животната средина“. Целта на фестивалот е развивање и подигање на нивото на свест за потребата од заштита и зачувување на животната средина, низ уметнички израз и унапредување на информираноста за оваа тема. Фестивалот има едукативен и некомерцијален карактер, но е од натпреварувачки тип, и тоа во три категории: екологија, екологија на душата и промотивно туристички филмови. Освен призанијата з апрво, второ и трето место, се доделува и Grand prix за најдоброто остварување. Во текот на програмата ќе бидат прикажани 93 филмови, како и дополнителни 14 вон конкуренција.
Во натпреварувачкиот дел на фестивалот учествува и македонскиот филм „Езеро од јаболка“. Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска и е изработен во рамките на проектот за заштита на Преспанското Езеро. Прикажувањето на филмот е поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Се работи за успешна приказна како со одржливо управување е зачуван еден од најстарите слатководни еко-системи на Земјата, каде живеат повеќе од 2000 видови растенија и животни од кои голем број се ендемични видови, соопшти МЖСПП, од кое како претставик од Република Македонија на фестивалот присуствува Драган Јованов, советник за животна средина и просторно планирање.